Силни бури го погодија поголемиот дел од Америка, при што загинаа најмалку три лица

Од:

Невреме со дожд и снег го покри поголемиот дел од САД, додека најмалку три лица во Алабама, Северна Каролина и Џорџија загинаа од торнада на југот на земјата. Обилните дождови и ветрови денеска погодија поголем дел од источниот брег на Америка и ќе продолжат до среда, соопшти Националната метеоролошка служба (NWS).

Врнежи се очекуваат на североисток, а во тој дел на Америка изминатиот викенд некои области беа погодени од обилен снег, што го зголемува ризикот од поплави, пренесува Ројтерс.

Снегот ќе продолжи и денеска во регионот на средниот запад, северозападниот дел на Пацификот и Големите езера, кои беа погодени од снежни виулици во понеделникот и вторникот, додека количината на снег што се очекува може да остави делови од овие региони без струја.

Би можело да ве интересира

САД: Јавните обвинители побараа мирен трансфер на власта

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски