Силна експлозија одекнала во центарор на Будимпешта и во тој дел итно се распоредени полициски сили, јавуваат светските медиуми.
Првите информации се дека има повредени, но се уште не е позната причината за експлозијата.
Снимките од лице место покаѓуваат присуство на голем број припадници на полицијата на раскрсницата Октогон, а според очевидни има и жртви.
Најмалку две лица се пренесени во болница, јавуваат локалните медиуми, а се претпоставува дека се работи за полицајци.
Експлозијата се случила во приземје на зграда во која се наоѓаат работни простории, јавува унгарскиот Блик.
Се претпоставува дека при експлозијата испукале стаклата на околните згради.
Се претпоставува дека неколку осомничени избегале од лице место после експлозијата, но полицијата се уште не потврдила, јавува Блик.
Околните ресторани и кафулиња се испразнети, а на гостите од хотелот кој се наоѓа во близина не им е дозволено да излезат на улица. Експлозијата не предизвикала пожар, но на лице место се и пожарникари.