Силна експлозија денеска одекна на пекиншкиот меѓународен аеродром „Шоуду“, соопшти ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на кинеските државни медиуми.
Информации за причината за експлозијата, како и за жртви и настрадани, засега нема.
Повикувајќи се на очевидци кинеските агенции соопштуваат за заглушувачка експлозија на Терминалот 3 на пекиншкиот аердром.
Според изјава на микроблогот Сина Вејбо, дадена за Кинеската централна телевизија, маж активирал пакет со барут точно пред излезот на делот „Пристигнати” на меѓународните линии.