Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтерова скала е регистриран утрово во водите на јужниот дел на Тихиот Океан, на 82 километра источно од островите Лојалити во Нова Каледонија, соопшти Американскиот геолошки институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Забележани се цунами бранови кон Нова Каледонија и Вануату. Се очекува бранови со височина од еден метар да стигнат до Нова Каледонија, а малку пониски до Вануату, соопшти Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами.