Силен земјотрес регистриран во Папуа Нова Гвинеја

Од:

Земјотрес со јачина од 6,6 степени беше регистриран во океанот, крај североисточниот брег на Папуа Нова Гвинеја. Не постои закана од цунами, соопшти Центарот за предупредување од цунами со седиште во Хаваи.

Потресот бил на длабочина од 10 км, веднаш до островот Манус, истакна центарот.

Според податоците на американскиот геофизички институт, епицентарот бил на 115 километри северозападно од градот Лоренгау, каде живеат над 6.000 лица. Нема податоци за повредени или за предизвикана материјална штета.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пронајдени се само пет тела, повеќе 2000 луѓе затрупани во Папуа Нова Гвинеја

(ВИДЕО) Свлечиште затрупа село во Папуа Нова Гвинеја – се стравува дека има стотина загинати

Тројца загинати во разорниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Десетици луѓе се убиени во Папуа Нова Гвинеја

Австралиски универзитетски професор и студенти киднапирани во Папуа Нова Гвинеја

Горан Наумовски

Најмалку пет лица загинаа во земјотресот од 7,6 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Горан Наумовски