Силен земјотрес со интензитит од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки завод.
Земјотресот бил на длабочина од 190 километри, а епиценатарот бил на 109 километри западно од провинцијата Маганг.
Се уште нема информации за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета. Исто така не е издадено предупредување за појава на цунами.