Силен земјотрес регистриран покрај Папуа – Нова Гвинеја

Од:

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска покрај Папуа – Нова Гвинеја, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на земјотресот бил на 65 километри длабочина во близина до островот Нова Британија.

Според австралиските сеиозмолози земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион околу епицентарот.

Нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, а нема ниту предупредување за опасност од цунами.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба