Силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Источен Тимор, соопшти Американскиот геолошки институт.
Епицентарот на потресот бил на 304 километри североисточно од главниот град на Источен Тимор, Дили.
Засега нема информации за жртви и материјални штети, а не е прогласена ниту опасност од можна појава на цунами.