Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Од:

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтер денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 154 километри јужно од градот Рабаул и на длабочина од 85 километри.

Засега нема информации за евентуални жртви или предизвикана материјална штета.

Рабаул се наоѓа во североисточниот дел на островот Источна Нова Британија, најголемиот остров во Бизмарковиот архипелаг, кој припаѓа на Папуа Нова Гвинеја. На островот се наоѓа вулканот Тавурвур, чија ерупција во 1994 година го уништи градот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба