Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Алјаска.
Земјотресот е регистриран во 3.13 часот, 41 километар североисточно од Сенд Поинт, на длабочина од 50,6 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
Нема извештаи за материјална штета.