Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Џилан во североисточниот дел на кинескиот остров Тајван, соопшти локалната метеоролошка служба.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри, а засега нема информации за материјална штета.
Земјотресот е почувствуван и во главниот град Тајпеј, каде што се тресеа згради, пренесува Ројтерс.