Силен земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала денеска го погоди филипинскиот регион Минданао, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот се случил на длабочина од 124 километри, додава EMSC.
Епицентарот на земјотресот бил на 140 километри југоисточно од градот Мати, кој има 105.000 жители.
Засега нема информации за материјална штета.