(ВИДЕО) Потресни снимки од страшниот земјотрес на Филипините: Во тек е евакуација на населението, штетата е голема

Од:

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди Минданао, вториот по големина остров на Филипините, додека во меѓувреме беше издадено предупредување за цунами. Населението е во процес на евакуација, додека на социјалните мрежи се споделуваат шокантните сцени од земјотресот.

ЕМСЦ соопшти дека земјотресот се случил на длабочина од 63 километри. На социјалните мрежи се споделуваат страшни снимки од земјотресот.

Како што предупреди филипинскиот Институт за сеизмологија, ситуацијата е сериозна и опасна, при што се дадени инструкции како жителите на овој остров да се подготват за евакуација, но и како да се однесуваат во затворени простори.

– Се очекуваат бранови високи над еден метар во деструктивно и опасно по живот цунами. Крајбрежните заедници кои може да бидат погодени мора веднаш да се евакуираат – се наведува во соопштението на Институтот.

Советите за бродовите кои веќе се во морето е да останат во вода. Засега нема информации за жртви, но некои делови немаат струја.

Како што пренесуваат некои медиуми, евакуација имало и во делови на Јапонија поради предупредувањето за цунами.

Земјотресите се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат на „Огнениот прстен“, појас од вулкани што го опкружува Тихиот Океан и е подложен на сеизмичка активност.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Силен земјотрес го погоди филипинскиот остров Минданао

Филипините повторно ги погоди силен земјотрес

Нов земјотрес на Филипините со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала

Нов силен земјотрес ги погоди Филипините

(ВИДЕО) Во крајбрежните области на Филипините, морето се повлече