ВИДЕО: Силен ветер носи се пред себе, најмалку седум загинати низ Европа

Од:

Најмалку седум лица загинаа во силното невреме кое ги зафати Холандија, Белгија и Германија и други европски земји. Најмалку три лица го загубија животот во Германија, каде ветерот корнеше дрвја и туркаше камиони надвор од патот.

Поради налетот на ветерот и до 140 километри на час, откажани се стотина летови. Во Брисел загина жена, откако дрво ѝ паднало на автомобилот, а во Белгија повредени се неколку лица.

Во источно холандската провинција Овересеј загина маж на возраст од 62 години, кога го удрила по лицето гранка од дрво, а друг 62-годишен маж загинал кога во источниот град Еншедеу, дрво му паднало врз автомобилот.

Во централниот град Вурен загина 66-годишен човек кога паднал од неколку метри висина, а полицијата ја истражува причината за падот.

Силните ветрови, обилните врнежи и мразот предизвикаа прекин во електричната енергија во Грција, Велика Британија, Германија, Холандија, Белгија, Романија и други делови на Европа. Поради невремето има и откажувања или доцнења во железничкиот, авио и водениот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп на власт

Горан Наумовски