Сијарто: Војната му донесе многу неволји на светот, потребен е итен прекин на огнот и преговори

Од:

Војната му донесе многу неволји на целиот свет, затоа е време земјите да се обединат за мир, порача министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, во објава на својот Фејсбук профил.

Во објавата посветена на Генералното собрание на Обединетите нации, на кое Сијарто по седми пат ја претставува Унгарија, тој посочи дека годинашното Генерално собрание ќе биде посебно затоа што има војна во соседството.

„За да се стави крај на војната, потребен е итен прекин на огнот и мировни преговори“, напиша Сијарто, додавајќи дека за ова нема поширока и посоодветна платформа од Обединетите нации.

Тој посочи дека мерилото за успешноста на годинашното собрание ќе се одрази и во тоа „дали ќе се приближиме до мирот или не“ и дека оваа светска организација е пред еден од најважните тестови на своето постоење.

Генералното собрание на Обединетите нации се одржува во Њујорк од 13. до 26 септември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд