Сибиха: Вонреден состанок на Советот Украина-НАТО поради руските напади

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави дека денес во Брисел ќе се одржи вонреден состанок на Советот Украина-НАТО поради масовните руски напади.

„Вонреден состанок на Советот НАТО-Украина ќе се одржи денес во Брисел на барање на Украина и како одговор на неодамнешните масовни руски воздушни напади. Очекуваме фокусирана дискусија за заедничките чекори за соодветен одговор на отфрлањето на мировните напори од страна на Русија и ескалацијата на теророт против Украинците“, напиша Сибиха на платформата X.

Тој им се заблагодари на НАТО и на сите сојузници за тоа што продолжуваат силно да ја поддржуваат Украина. „Москва треба да чувствува посилен притисок за продолжување на војната“, нагласи украинскиот министер за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Украина ќе остане без пари за две недели

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Зеленски: Русија бара Украина да се повлече од Донбас во рок од два месеци

29 лица загинаа откако се урна руски воен транспортен авион во Крим

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април