Екипата на Си-Ен-Ен пред затворот Офер на окупираниот Западен Брег беше сведок на судири меѓу израелската армија и група Палестинци пред очекуваното ослободување на 39 Палестинки и тинејџерки.
Израелските одбранбени сили употребија солзавец во обид да растераат десетици Палестинци кои дојдоа пред затворот, од кои некои фрлаа камења, пишува Си-Ен-Ен.
Меѓу толпата имало и членови на семејствата на оние кои требало да бидат ослободени.
Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека 16-годишно момче и 12-годишно дете биле застрелани и повредени за време на немирите.