Штрајк на синдикатите во Индија поради поскапувањата

Од:

Голем број банки во Индија денеска се затворени, а јавниот превоз во повеќе места е запрен поради штрајк на синдикатите кои протестираат поради поскапувањата.

Штрајкот, меѓутоа, главно не ја загрозува индиската престолнина Њу Делхи и бизнис центарот Мумбај, каде финансискиот пазар нормално работи.

Насилство избило на некои места во првиот ден од дводневниот штрајк, а работниците, лути посебно поради високите цени на бензинот, настојуваа денеска да не користат возила. Еден член на синдикатот е убиен во северниот град Амбали.

Во Њу Делхи и Мумбај јавниот сообраќај се одвива без прекин. Некои таксисти штрајкуваат, но канцелариите и училиштата се отворени.

На други места запрен е јавниот сообраќај, банките се затворени, а повеќето продавници и канцеларии се затворени.

Штрајкот се случува во време кога индиската Влада се подготвува да му предложи намален буџет на Парламентот, кој утре ја започнува седницата.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати