Штефан Филе во Стразбур

Од:

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе кој претпладнето требаше да говори пред членовите на Парламентарното собрание на Советот на Европа, поради лошите сообраќајни врски со Стразбур, тоа ќе го направи попладнево, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Пред да се обрати пред членовите на ПССЕ, еврокомесарот Филе има средба со членовите на Комисијата за следење на обврските на земјите членки на Советот на Европа со која Европската комисија и особено Генералната дирекција за проширување тесно соработува, кога станува збор за следењето на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Оваа Комисија пред неколку дена сосема накратко расправаше за Македонија, и во нејзиниот извештај ќе стане збор и за најновиот развој на ситуацијата во земјата, за што вчера пред ПССЕ зборуваше пратеникот на СДСМ Игор Ивановски.

Во разговорот со членовите на мониторинг комисијата на ПССЕ, според најавите се очекува Филе да зборува и за Македонија, посебно по неговата вчерашна ненајавена посета на земјата.

Би можело да ве интересира

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина