Штаје: Израелските сили годинава убија 220 Палестинци

Од:

Израелските сили годинава убиле повеќе од 220 Палестинци, изјави вчера палестинскиот премиер Мохамед Штаје, пренесува Анадолија.

Говорејќи на состанокот на владата во Рамала на Западниот Брег, Штаје рече дека годинава Израел уништил 832 станбени објекти во сопственост на Палестинци.

Тој ја опиша 2022 година како „полна со болка“ за Палестинците, „за време на која повеќе од 220 Палестинци беа убиени од израелски војници, повеќе од 9.000 беа ранети, 6.500 затворени, а 832 станбени згради урнати“.

Според премиерот, стапката на невработеност на окупираниот Западен Брег паднала од 19 на 12,6 отсто, додека во окупираниот Појас Газа останала на 46 отсто.

Штаје изрази надеж дека протокот на меѓународна помош и донации, особено од арапските земји, ќе биде обновен во 2023 година.

Палестинската управа не можеше да исплати повеќе од 80 отсто од платите во јавниот сектор за изминатата година поради израелските одбитоци од палестинските даночни приходи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Хамнеи: Планот на САД за раселување на Палестинците од Газа ќе биде залуден

Гидеон Сар: Палестинците се повеќе заинтересирани да го уништат Израел отколку да основаат своја држава

Израелската војска уби бремена Палестинка на Западниот Брег

Саудиска Арабија ја отфрли изјавата на Нетанјаху за раселување на Палестинците од Газа

EuroMed: Израел уби најмалку 110 Палестинци од почетокот на прекинот на огнот во јануари

Трамп: Израел ќе ја предаде Газа на САД, Палестинците ќе бидат преселени во поубави заедници