Шпионска афера во Јапонија

Од:

Разузнавачките податоци собрани од американските сили се меѓу државните тајни објавени во јапонскиот шпионски скандал. Затоа јапонската влада е загрижена за идната соработка меѓу разузнавачките служби на двете земји, тврди јапонската агенција Kjodo.

Шпионска афера во јапонската војска избувна кога капетан на морнарицата му предал доверливи информации на пензиониран адмирал. Ова предизвика критики од САД поради недостигот на безбедносни мерки кога станува збор за доверливи информации, поради што јапонската влада е загрижена дека може да дојде до влошување на соработката меѓу двете земји, соопшти агенцијата Кјодо, повикувајќи се на свои извори.

Јапонското Министерство за одбрана објави дека во март 2020 година Такаши Инуе (54) предал доверливи информации за „ситуацијата околу Јапонија“, како и детали за операциите и обуката на јапонската морнарица.

Според тоа министерство, пензионираниот адмирал, кому му биле дадени доверливи информации, побарал од аналитичката единица на морнарицата во јануари да известува за безбедносната состојба, но не побарал доверливи информации.

Иако нема докази дека тајните информации биле пренесени преку адмиралот на трета страна, јапонската влада стравува дека овој инцидент може да влијае на идниот прием на разузнавачки информации од САД, кои играат важна улога во операциите на јапонските сили.

Началникот на Генералштабот на јапонската морнарица, адмирал Рио Сакаи, на прес-конференција рече дека „ќе се обиде да ја врати довербата на засегнатите земји“.

Слична изјава даде и министерот за одбрана Јасаказу Хамада, кој рече дека истекувањето на разузнавачките податоци „ја поткопува довербата на јавноста“ и дека тие „го сфаќаат многу сериозно и ќе направат се што можат за да ја вратат довербата“.

Хамада, исто така, најави дека ќе бидат преземени драстични превентивни мерки за да не се повторат вакви случаи, вклучително и построги правила за комуникација меѓу активниот и поранешниот воен персонал.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови