Шпански медиуми: Разрешенa директорката на Националната разузнавачка агенција

Од:

Шпанската влада ја разреши директорката на Националната разузнавачка агенција (ЦНИ), Паз Естебан, откако беше откриено дека се употребувал софтверот „Пегазус“ за шпионирање на шпански функционери, објави денеска „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани владини извори.

Шпанската новинска агенција ЕФЕ и другите шпански медиуми јавуваат дека шпанскиот кабинет се согласил да ја разреши Паз Естебан од позицијата директорка на Националната разузнавачка агенција или ЦНИ.

Се очекува кабинетот да излезе со официјално соопштение во текот на денот.

Одлуката била донесена откако Естебан минатата недела во комисијата зад затворени врати на шпанскиот парламент признала дека агенцијата легално ги хакирала телефоните на неколку каталонски сепаратисти откако добила судска дозвола.

Минатиот месец канадската организација Citizen Lab објави дека повеќе од 60 луѓе поврзани со каталонското сепаратистичко движење биле цел на шпионскиот софтвер „Пегазус“ направен од израелската група NSO.

Неколку дена подоцна, шпанската влада објави дека открила шпионски софтвер „Пегазус“ во мобилните телефони на премиерот Педро Санчез и министерката за одбрана Маргарита Роблес.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени