Шпанската полиција заплени 4,5 тони кокаин кај Канарските Острови

Од:

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила 4,5 тони кокаин во близина на брегот на Канарските острови на товарен брод од Того кој дошол од Латинска Америка.

Полицијата соопшти дека повеќе од две години внимателно го следела бродот „Орион пет“, кој превезува стока од Латинска Америка до земјите на Блискиот Исток и дека веќе бил претресен, но дека не е пронајдена дрога и покрај присуството на „доволно траги“.
Уредот „поморска авијација“ конечно овозможи во вторникот да се најде кокаинот, скриен во силос кој требало да се користи за сточна храна.

Во акцијата учествуваа и американската агенција за борба против дрога ДЕА, Меѓународниот оперативен центар за анализа на поморските разузнавачки податоци за наркотици (MAOC-N), властите во Того и шпанската полиција.

Уапсени се 28 членови на екипажот на бродот под знаме на Того, од девет различни националности.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени