Шпанија: Повеќе од 250 мигранти од Алжир пристигнаа на Балеарските Острови од Божиќ

Од:

Повеќе од 250 мигранти од алжирскиот брег пристигнаа на Балеарските острови од 25 декември до денеска, соопштија властите на шпанскиот архипелаг, опишувајќи го како „значителен“ бројот на нови мигранти.

– Од Божиќ имаме зголемување на бројот на мигранти кои илегално доаѓаат на нашите брегови, поточно 251 лице, што е значителна бројка, но не и најголема во годината, изјави претставничката на шпанската Влада на овој медитерански архипелаг, Аина Калво.

Само денеска најмалку 136 мигранти пристигнале на Балеарските острови, кои се наоѓаат на повеќе од 250 километри од алжирскиот брег.

Најголем дел од мигрантите дошле од Магреб, а останатите од субсахарска Африка, се наведува во соопштението на префектурата. Во последната група имало 24 малолетни лица.

Калво изјави дека во 2022 година, до денес, на архипелагот нелегално пристигнале околу 2.600 луѓе, во споредба со 2.400 во 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени