Шпанија најави 3,76 милијарди евра нова помош за Валенсија по поплавите

Од:

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска најави помош од 3,76 милијарди евра, како дополнителни мерки за обнова на регионот Валенсија, кој во октомври беше погоден од најсмртоносните поројни поплави во модерната историја на Шпанија, објави Ројтерс.

„Сè уште има улици што треба да се исчистат, гаражи што треба да се исцедат, има многу инфраструктура што треба да се санира и, пред се, многу животи, многу домови и многу работни места треба да се вратат во нормала. Ова го изјави Санчез за новинарите по состанокот на владата во неделата.

Пакетот, кој предвидува 110 мерки, ја проширува помошта и за изнајмување на станови, а вклучува пакет од 500 милиони евра за отстранување на калта во погодената област, како и 200 милиони евра помош за земјоделците.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени