Шопската салата е прогласена за најпопуларно национално јадење од 28-те земји -членки на Европската унија.
Заедно со изборите за европратеници, на Фејсбук страната на Европскиот парламент се гласаше и за најевропско јадење во трката „Вкусот на Европа“. Во неа беа вклучени различни егзотични рецепти од речиси сите земји во Европа.
Шопската салата освои 19.200 гласови, а неа ја презентираше Бугарија. Студената супа од цвекло на Литванија која освои 5 000 гласа е рангирана како второ популарно јадење меѓу европјаните. На трето место се најдоа романските сарми за кои гласаа 1185 граѓани на Европа.