Шолц: Тоа е линија што нема да ја преминам

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека присуството на германски војници е линија која нема да ја помине.

Тој ја отфрли можноста германски војници да учествуваат во изборот на цели за украинските напади врз руските позиции.

Тој, исто така, ја отфрли можноста за снабдување на Киев со оружје со долг дострел, дури и кога германските војници би биле ангажирани да за нивна употреба надвор од границите на Украина.

„За мене е исклучена можноста за испраќање такви системи со долг дострел, за кои би било потребно вклучување на германски војници, дури и надвор од границите на Украина. Тоа е линија што јас како германски канцелар не сакам да ја преминам. Затоа ја донесов одлуката и го образложив мојот став“, рече тој одговарајќи на прашања од пратениците во Бундестагот.

Запрашан зошто нема доверба во украинската армија и дали може да вети дека неговата позиција нема да се промени, Шолц рече:

„Се работи за безбедноста на Германија. Дадов заклетва во врска со тоа…И сакам да нагласам дека Германија е на прво место меѓу европските земји кога станува збор за обемот на помош за Украина. Од првиот момент испративме тенкови , го направивме тоа заедно со сојузниците, што за мене е исклучително важно. Обезбедивме воздушна одбрана за Украина. И ги дадовме системите „гепард“, „ирис-Т“, го доставуваме „патриотот“, но Што се однесува до крстаречките ракети, мојот став е недвосмислен“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски