Шолц од Атина изрази поддршка за европската перспектива на Западен Балкан

Од:

И двајцата сакаме да го промовираме пристапниот процес на земјите од Западен Балкан, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес- конференција во Атина со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, веднаш по нивната средба, јави дописничката на МИА од Атина.

Проширувањето на Европската унија беше една од темите за кои разговарале германскиот канцелар и грчкиот премиер, прашање за кое Шолц рече дека е особено важно за него, а била спомената, како европската перспектива на Украина и Грузија, така и на земјите од регионот.

– Исто така разговаравме, и ова е многу важно за мене, и за проширувањето на Европската унија, за интегративната перспектива на Украина и Грузија, но главно е прашањето за земјите од Западен Балкан. Перспектива што се отвори пред 20 години и тоа во Солун, кога им рековме на овие земји дека може да станат членки на ЕУ. И двајцата особено се обврзуваме и сакаме да го промовираме пристапниот процес на овие земји, рече Шолц.

Следната седмица, на 3 ноември во Берлин ќе се одржи Самитот за Западен Балкан, домаќин ќе биде токму германскиот канцелар Шолц, а ќе присуствува и грчкиот премиер.

На денешната заедничката прес-конференција Мицотакис и Шолц се осврнаа на низа теми како што е војната во Украина, енергетската криза, односите на Грција со Турција итн.

Пред средбата, грчкиот премиер и германскиот канцелар рано утрово го посетија Акропол.

Шолц пристигна синоќа во работна посета на Атина, директно од Париз каде што се сретна со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ескен: Шолц треба да ја продолжи комуникацијата со Путин

Шолц и Макрон велат дека се подготвени да соработуваат со новите сириски власти

Горан Наумовски

Зеленски: Шолц ја отвори „Пандорината кутија“

Горан Наумовски

Се слушнаа Шолц и Путин, разговорот траел еден час

Предраг Петровиќ

Шолц: Украина не може да влезе во НАТО додека е во воена состојба

Шолц: ЕУ е комплетна само со Западен Балкан како нејзин дел