Шолц: Нема да испраќаме војници во Украина

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека европските земји и членките на НАТО нема да испраќаат војници во Украина.

„Се разговараше за тоа што е договорено меѓу сојузниците од почетокот и за иднината, а тоа е дека на територијата на Украина нема да има војници на европските земји или членки на НАТО“, изјави Шолц по самитот на европските лидери одржани во Париз.

Тој посочи дека европските земји се подготвени да набават оружје од трети земји, надвор од Европа, со цел да се забрза испораката на воена помош за Украина, пренесе Ројтерс. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус одби испраќање копнени трупи во Украина.

„Тоа не е опција за Сојузна Република Германија“, рече Писториус на прес-конференција. Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Велика Британија не планира да распореди борбени трупи во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во понеделникот, по самитот на европските лидери во Париз, дека иако нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, „ништо не може да се исклучи“.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Руските сили ја презедоа контролата врз населбата Калиново во Доњецк, Украина

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украински дрон истури течен метал врз руски позиции

Бројот на загинати се зголеми на 47, а на ранети на 206 во рускиот напад на Полтава

Што значи за Украина губењето на првиот Ф-16 и еден од најдобрите пилоти