Земјите кои ја поддржуваат Украина ќе создадат коалиција која ќе обезбеди артилерија со долг дострел на Киев за одбрана од руски напад и ќе користи пари од конфискуваниот руски имот за купување оружје за Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Јасно е дека ја поддржуваме Украина и исто така е јасно дека не сме во војна со Русија. Нашата заедничка цел е да обезбедиме Украина ефикасно да се одбрани од руската инвазија. Нашата поддршка нема да ослабне“, рече Шолц во Берлин на таканаречениот Вајмарски состанок триаголникот, на кој учествуваа лидерите на Германија, Полска и Франција, пренесе Ројтерс.
Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Париз и неговите сојузници ќе продолжат да ја поддржуваат Украина се додека е потребно.
„Безбедноста на Европа е загрозена“, рече Макрон.
Полска на средбата ја претставува премиерот Доналд Туск.