Рускиот претседател Владимир Путин нема да ги постигне своите воени цели во Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
„Путин веруваше дека може да ги обедини Европејците, но го постигна спротивното“, рече Шолц.
Тој истакна дека Путин ја користи енергијата и гладот како оружје и дека тоа не му помогнало во борбата против единството на Европа.
Шолц, говорејќи за енергетската криза, рече дека цената на енергетските производи е превисока и дека мора да има намалување.