Шојгу: Западот сака да ја подели Русија на десетина мали држави

Од:

Секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Сергеј Шојгу, за руските медиуми изјави дека крајната цел на колективниот Запад е да ја подели Русија на десетици помали државни субјекти, со цел подоцна полесно да ги потчини и експлоатира.

Тој нагласи дека против Русија е започната моќна и сеопфатна антируска кампања, која вклучува политички, економски и културни напади.

„Денес, Русија и целото наше општество се под агресивен надворешен притисок. Против нас се насочува моќна антируска пропаганда. Нападите врз нашата историја, култура и духовни вредности продолжуваат со несмалено темпо, како и обидите за уништување на хармонијата и братството на народите на нашата земја и земјите од ЗНД“, рече Шојгу во интервју за порталот aif.ru, објавија руските медиуми.

Според него, „непријателите на Русија“ погрешно веруваат дека мултинационалниот карактер на земјата е нејзина слабост и постојано се обидуваат да предизвикаат поделби во руското општество.

Шојгу рече дека ваквите обиди ќе останат неуспешни бидејќи, како што истакна, единството на народот и зачувувањето на духовните и културните вредности се темелите на руската државност.

Би можело да ве интересира

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија