Шојгу разговараше со американскиот министер за одбрана, Русите ги соопштија деталите

Од:

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу разговараа денеска за прв пат од мај, а висок руски дипломат рече дека повикот е потребен за да се расчистат недоразбирањата, пренесе новинската агенција ТАСС.

Пентагон одби да даде други детали освен да каже дека Остин, кој го иницирал разговорот, ја нагласил потребата да се одржи комуникацијата среде војната во Украина.

„Мора да се расчистат недоразбирањата за да нема несреќи…тоа се секогаш важни контакти и важно е Американците први да го иницираат тоа“, изјави виенскиот дипломат Константин Гаврилов за руската телевизија, а пренесе ТАСС.

Гаврилов, главниот руски преговарач за воени прашања, исто така рече дека по повикот, Москва очекува појаснување за вежбите за нуклеарно одвраќање што НАТО ги спроведува, додава ТАСС.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Западот да ја предупреди Русија да не ја разнесува браната во јужна Украина, што би предизвикало сериозни поплави.

Би можело да ве интересира

Шојгу: Русија формираше два нови воени окрузи поради заканата од НАТО

Шојгу: Руските сили за пет дена соборија 24 украински воени авиони

(ВИДЕО) Шојгу: Секоја војна завршува со мир

ВИДЕО: Шојгу ги посети руските војници во Украина

Катерина Ѓуровски

Шојгу: Русија во 2023 ќе ја прошири инфраструктурата за нуклеарно оружје

Путин ќе го жртвува Шојгу тврди Институтот за војна

Катерина Ѓуровски