Нападот врз Киев, за кој Русија предупреди, може да се случи во секој момент, изјави денес секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу.
На прес-конференција на Првиот меѓународен форум за безбедност во Москва, тој нагласи дека Русија има сè што ѝ е потребно за таков напад, пренесува ТАСС.
Одговарајќи на прашањето дали одбивањето на европските амбасадори да го напуштат Киев може да влијае на определувањето на рускиот план, тој рече дека Москва предупредила колку силен може да биде таков удар и го покажала тоа.
„Ова може да се случи во секој момент. И кога ќе одлучиме дека одговорот мора да биде сила, за што зборувавме многу пати, ќе одговориме на терористичкиот чин што ги одзеде животите на нашите млади луѓе“, рече Шојгу.
Руско-американската мировна иницијатива за Украина „заглавува“ првенствено поради целосниот недостаток на политичка волја на киевскиот режим за мир и неговата постојана желба за ескалација, изјави Шојгу.
„За жал, руско-американската мировна иницијатива е во застој. Главната пречка за нејзино спроведување останува целосниот недостаток на политичка волја на киевскиот режим за мир и неговата постојана желба за ескалација“, рече Шојгу.
