Премиерот на Украина Денис Шмигал денеска изјави дека земјата добила финансиска помош од две милијарди евра од Европската унија.
„Дополнителните финансиски средства ќе помогнат да се покријат итните буџетски трошоци, особено за социјални и хуманитарни потреби“, објави Шмигал на Телеграм.
Тоа е прва транша од пакетот од пет милијарди евра, усвоен по воената операција покрената од Русија.
Извор: МИА