Шестмина загинати во судирите во Донбас

Од:

Најмалку двајца цивили во Доњецк загинаа, а седум се повредени, соопштено е денеска во тој град на истокот на Украина, додека во Киев е соопштено дека во последните 24 часа загинале четворица украински војници во „зоната на антитерористичката операција“.

Градските власти соопштија дека под засилен артилериски оган вчера биле Киевскиот, Кировскиот, Кујбишевскиот и Петровскиот реон, дека загинале двајца цивили, седум се повредени, а оштетени се куќи и градската инфраструктура.

Украинскиот воен портпарол Андреј Лисенко изјави дека во изминатите 24 часа во зоната на конфликтот загинале четворица војници, а оти осум се повредени.

Според него, состојбат во Доњецкиот басен и натаму не е мирна а „екстремистите продолжуваат со провокациите и по пристигнувањето на хуманитарните конвои ги засилуваат нападите“.

Од друга страна, претставници на проруските сили тврдат дека украинските сили во текот на изминатите 24 часа 43 пати го прекршиле прекинот на огнот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми