Шестмина водечки кандидати за претседател на Украина

Од:

Триесет и пет милиони жители на Украина со право на глас денеска избираат нов претседател на земјата меѓу 21 кандидат, од кои шестмина се сметаат дека имаат најголеми шанси за победа.

kandidatiukraina2014

Петро Порошенко – Според анкетите тој е водечкиот кандидат. Со моќната кампања по телевизиите и со билбордите на кои беше испишано „чоколадниот цар“ на Украина тој вети „нов начин на жиот.

Во многу говори во целата земја 48-годишниот милијардер, кој своето богатство го стекнал од компанијата за слатки и кој е поддржан од партијата УДАР на Виталиј Кличко, вети дека ќе ги продлабочи врските со Европската унија и ќе постигне безвизен режим за Украинците во првата година од неговиот мандат. Тој вели дека неговата цел е во рок од три месеци да ги нормализира односите со Русија, а во неговата програма приоритет е и членството на Украина во НАТО.

Јулија Тимошенко – Педесет и три годишната поранешна премиерка и кандидат на партијата „Баткившчина“ (Татковина) се обрати кон гласачите со повикот „Треба да ги запреме“, имајќи го предвид Русите, но и олигарсите.

Таа беше еден од лидерите на прозападната Портокалова револуција од 2005 до 2005 година и беше испратена во затвор под обвинение за злоупотреба на службената должност. Тоа се случи за време на владеењето на нејзиниот политички соперник, некогашниот претседател Виктор Јанукович, кој во февруари беше соборен од власт. Таа ја избра правдата, како главна тема на нејзината кампања и вети дека се стреми кон полноправно членство на Украина во ЕУ, започнувајќи со склучување кон крајот на годината на Спогодба за асоцијација и воведување безвизен режим. Тимошенко изјави дека како претседател на Украина ќе стави крај на руската окупација на Крим, ќе ги зголеми трошоците за одбраната до пет отсто од БДП и ќе го стави на референдум прашањето за членство во НАТО.

Сергеј Тигипко – Потенцирајќи дека „взаемното игнорирање е погрешниот пат“, 54 годишниот Тигипко од Партијата на регоните се претстави себе си како човек кој може да постигне баланс во Украина. Клучни моменти од планот за спас на земјата се преговорите со паравоените групи и нивно разоружување. Поранешниот вицепремиер исто така вети дека ќе ја издигне економијата до европското ниво и ќе се фокусира на западните пазари.

ukraina2014elections1

Михаил Добкин – Четириесет и четири годишниот поранешен гувернер на Харковската област вети дека ќе обезбеди единство на земјата и ја потенцира неопходноста од добри односи со Русија на сите нивоа, што значи рускиот да стане втор државен јазик во земјата и приклучување кон Царинската унија со Москва, Белорусија и Казахстан.

Олег Тјагнибок – Четириесет и пет годишниот лидер на радикалната националистичка партија „Свобода“ вети дека ќе ја повлече Украина од организации во кои доминира Москва, како Заедницата на независни држави и ќе ја направи членка на ЕУ и НАТО. Тјагнибок сака да воведе визен режим со Русија и безвизен со земјите од ЕУ.

Дмитро Јарош – Четириесет и две годишниот ултранационалист изјави дека ќе ја вооружи Украина со нуклеарно оружје и ќе ја спречи „руската агресија“ и сепаратизмот преку мобилизација на вооружените сили, Националната гарда и народните милиции. Јарош, кој ја предводи радикалната партија „Десен сектор“, но на изборите учествува како незавизен кандидат, нагласи дека сите полнолетни Украинци ќе можат да поседуваат оружје. Тој исто така се залага за тесно партнерство со НАТО и ЕУ и за безвизен режим со Унијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми