Шестмина мажи уапсени во нов случај на силување патничка во автобус во Индија

Од:

Шестмина мажи се уапсени по новото групно силување патничка во автобус во Индија, соопшти полицијата, цитирана од американските медиуми.

Полицијата соопшти дека 29-годишна жена во петокот патувала со автобус за своето село во северната држава Пенџаб и дека била единствениот патник во автобусот. Се претпоставува дека возачот и кондуктерот ја однеле на некое безбедно место, каде им се придружиле уште петмина пријатели, по што неколкукратно ја силувале.

Полицијата информира дека вчера се уапсени шестмина осомничени и дека се трага по уште еден.

Ова се случува само четири недели по групното силување и убиство на студентка во автобус во движење во престолнината, што потоа предизвика гневен бран протести, и доведе до повици за построги закони против сексуалното малтретирање жени, забележаа агенциите.

Дваесет и тригодишната студенткаа почина по нападот.

Бруталното силување во Њу Делхи во декември ја отвори расправата за тоа што треба Индија да направи за да ги спречува ваквите трагедии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати