Шест русофони од Сан Диего, кои летале на роденденска прослава во Лос Анџелес, биле симнати од летот на авиокомпанијата „Spirit Airlines” поради тоа што зборувале на руски, пренесе Макфакс.
Дмитриј Битман, еден од патниците на кои не им било дозволено продолжување на летот со посакуваната дестинација изјавил дека тој и неговите пријатели се многу разочарани,.
Според Битман, групата разговарала меѓу себе за претстојната забава со нормален тон но понекогаш можеби повисок кога некој од патниците ќе почнел да зборува. По десет минути, на имигрантите од Русија кои живеат во Сан Диего, во американската сојузна држава Калифорнија, им пришла стјуардеса и побарала да го напуштат салонот.
Сана Битман изјавила дека било „навистина понижувачки да бидат третирани на тој начин”.