Шест турски полицајци извршиле самоубиство од почетокот на протестите

Од:

Шест турски полицајци извршиле самоубиства од почетокот на протестите во државата, изјави шефот на полицискиот синдикат Фарук Сезер. Полицијата беше под остри критики заради употребата на прекумерна сила врз демонстрантите.

Според Сезер, полицијата била принудена да работи во „сурови услови“. Синдикалниот лидер појасни дека полицајци мобилизирани од други градови спијат врз штитовите заради недостиг од сместување што требало да го обезбедат државните власти.

– Насилството, кое го гледате, е резултат од насилството врз полицајците. Тие не само што се подложени на насилство од демонстрантите туку и од 120-часовниот режим на работа и неквалитетна храна, изјави тој.

Сезер додаде дека веднаш штом ќе престанат протестите, синдикатот ќе достави до обвинителството докази за тешките услови во кои работат полицајците и ќе поднесат тужба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски