Романската владејачка Социјалдемократска партија денеска смени шест министри.
Лидерот на социјалдемократите Ливиу Драгнеа сака да го зајакне управувањето со Владата откако беше критикуван поради својот стил на „владеење“ и поради корупцијата.
Во текот на состанокот, партијата гласаше за смена на министрите за сообраќај, економија, труд, култура, развој, спорт и комуникации.
Сојузничката на Драгнеа, Лиа Олгута Василеску, која беше министерка за труд, сега е министерка за сообраќај, а другите сменети министри останаа без функции.
Министерот за одбрана Михаи Фифор претходно денеска поднесе оставка.
Покрај него, оставка поднесе и градоначалничката на Букурешт, Габриела Фира.
Таа го обвини Драгнеа дека ја води партијата на произволен начин, поднесе оставка по најавата дека партијата ќе ја смени.
Виорика Данчила стана премиерка во јануари, но со мали извршни овластувања додека, всушност, Владата ја води Драгнеа.
Тој не може и официјално да биде премиер поради обвинувањео за кражба на гласови.