Шефот на Минхенската безбедносна конференција демантира дека профитирал од настанот

Од:

Минхенската безбедносна конференција, голем собир на глобалните лидери за одбранбена политика, беше отворена денеска и покрај тврдењата дека нејзиниот директор во заминување, германскиот дипломат Волфганг Ишингер, го искористил настанот за финансиска добивка.

Ишингер ги отфрли таквите наводи, првично објавени од списанието „Шпигел“.

„Шпигел“ вчера објави дека консултантската фирма на Ишингер, чиј коосновач е од 2015 година, продавала состаноци со официјални лица и контакти за присутните на високо ниво на конференцијата на маргините на настанот. Медиумот наведе дека Ишингер ставил свои 30 отсто од акциите во фирмата во труст, но сепак има приходи од нејзините активности.

Питер Конзе од антикорупциската Транспаренси интернешнал изјави за дневниот весник Тагесшпигел дека иако активностите на Ишингер се легални, тие „покренуваат прашања и можат да влијаат на имиџот на настанот“.

Ишингер (75), поранешен германски амбасадор во САД и Велика Британија, го води годишниот Безбедносен форум во Михен од 2008 година.

Тој денеска за јавниот сервис Бајерише Рундфунк изјави дека извештајот на Шпигел е „целосно чуден“, нагласувајќи дека тој „лично никогаш не профитирал“ од Минхенската безбедносна конференција.

– Водењето на конференцијата се претвори во „апсолутна работа со полно работно време“, истакна Ишингер кој тврди дека добивал пари за трошоци, но не земал плата.

Тој додаде дека конференцијата е приватен настан делумно финансиран со донации и дека на тој начин барал спонзори. Во замена, на спонзорите им било овозможено „вмрежување“ на настанот со истакнати гости.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Пристапот кон ЕУ стана подвижна цел, наместо системот на заслуги постојат двојни стандарди и билатерални спорови

Катерина Ѓуровски

Шефот на руската Дума ја исмева Европа: „Хистерија во Минхен“

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа- Македонија мора да добие извесност во напредокот кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Тoшковски од Минхен: Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог

Немаме делегација во Минхен објави Русија

Катерина Ѓуровски

Во Минхен нема руска делегација велат организаторите