Испраќањето војници на НАТО во Украина може да доведе до трета светска војна, за тоа нема договор (меѓу членките на Алијансата), изјави шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани.
„Сметам дека НАТО не смее да влезе во Украина. Тоа би било грешка, мораме да и помогнеме на Украина да се заштити, но влегувањето во војна со Русија би значело ризик од трета светска војна“, рече Тајани.
Тој повтори дека Италија нема намера да влезе во вооружен конфликт со Русија.
„Се уште се надевам дека ниту една земја не размислува за тоа. Нема договор или идеја за тоа“, рече министерот на јавен собир во Верона.