Шаленберг се сретна со претседателот на Австрија, утре ќе положи заклетва

Од:

Министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг, кој синоќа беше предложен за иден канцелар, се сретна со претседателот на државата Александар ван дер Белен.

Во кратка изјава за печатот, Шаленберг зборуваше дека на земјата и претстојат многу задачи и оти е ова период на предизвик. Тој рече дека бил изненаден од неговото неочекувано „унапредување“, и најави дека ќе зборува подетално откако ќе положи заклетва, а тоа треба да биде утре.

Пред состанокот со претседателот, Шаленберг разговараше со вицеканцеларот Вернер Коглер без присуство на медиумите.

Што се однесува до позицијата – шеф на дипломатија, има неколку варијанти, од кои едната е министерката без ресор задолжена за европски и уставни прашања, Каролин Едштадлер, но и генералниот секретар во Министерството за надворешни работи, Петер Лаунски-Тифентал.

За сите промени во владата, прво е потребно Курц формално да поднесе оставка до претседателот на Австрија, а потоа новиот канцелар ќе даде заклетва.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски