Сепаратистите во Украина се согласија на прекин на огнот до петок

Од:

Лидерите на проруските сепаратисти во источна Украина се согласија на почитување на прогласениот прекин на огнот до 27 јуни, јави ИТАР-ТАСС.

– Како одговор ма едностраниот прекин на огнот прогласен од страна на Киев, се обврзуваме на прекин на огнот и од наша страна. Прекинот на огнот ќе трае до 27 јуни, изјави „премиерот на т.н. Доњецка Народна Република“, Александар Бородај по трилатерални преговори за мировниот план на претседателот на Украина, Петро Порошенко за надминување на кризата во земјата, што се одржаа денеска во Доњецк.

На средбата учествуваа претставничката на ОБСЕ во Украина, Хајди Тулиавини, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Русија во Киев, Михаил Зурабов, поранешниот украински претседател Леонид Кучма, како претставници на проруските сепаратисти од Доњецк и Луганск.

Украинскиот преседател минатата недела го објави својот мировен план и прогласи едностран прекин на огнот.

Русија го поздрави планот и ја повика Украина да започне преговори со сепаратистите во Доњецк и Луганск, кои прогласија независни држави во своите региони, ги зазедоа административните згради и влегоа во судри со украинските сили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми