Сепаратистите во Украина прифатија мировни преговори

Од:

Проруските сепаратисти во источна Украина се согласија на одржување мировни преговори за запирање на конфликтот, јави украинската агенција Интерфакс.

– Постигнат е договор за одржување на прв круг преговори на 27 јуни во Доњецк, изјави претставникот на доњецките сепаратисти Андреј Пургин.

Во исто време, украинскиот претседател Петро Порошенко, кој се наоѓа во Стразбур, изјави дека бил информиран оти „бунтовниците се подготвени да се сретнат со т.н. Контакт група за надминување на конфликтот во источна Украина“.

Порошенко истакна и дека Киев би може да не го продолжи едностраниот прекин на огнот, кој истекува утре, доколку не биде задоволен од резултаите од најавените утрешни преговори во Доњецк.

– Ова е многу важен ден за нас. Ако нашите услови од мировниот план не бидат прифатени, тогаш ќе донесеме многу важна одлука, рече Порошенко.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми