Сепаратистите во Украина ги обвинуваат властите за кршење на примирјето

Од:

Проруските сепаратисти од источна Украина денеска ги обвинија властите во Киев дека го кршат примирејто, чија важност украинскиот претседател Петро Порошенко вчера ја продолжи за уште 72 часа, односно до понеделник.

Како што јави ИТАР-ТАСС, претставници на самопрогласената „Луганска Народна Република“ тврдат дека украинските сили утрово се обиделе да преземат контрола над граничниот премин „Червенопартизанск“ во Доњецката област и дека продолжуваат да трупаат дополнителни војници крај градот Счастие близу Луганск.

Според истите извори, „по битката“ сепаратиситите ја задржале контролата над граничниот премин кон Русија. Тие обвинуваат и дека претсавниицте на ОБСЕ „се уште не се појавиле на граничните премини“, како што било договорено.

Сепаратисите тврдат и дека во близина на градот Счастите, украинските вооружени сили распоредиле два ракетни системи „Град“ и 12 пешадиски борбени возила, како и дека вршат снајперски напади врз сепаратистичките борци, но и врз цивили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми