Сепаратистите во Луганск најавија „парламентарни избори“ за 14 септември

Од:

Во „Луганската Народна Република“ на 14 септември би можеле да се одржат парламентарни избори, соопшти денеска „премиерот“ на оваа самопрогласена проруска сепаратистичка творба на истокот на Украина, Василиј Никитин.

– Парламентарните избори би можеле да се одржат на 14 септември и го предлагам овој датум, истакна Никитин во Луганск, додавајќи дека истиот ден би можеле да бидат организирани и „локални избори“.

По референдумот за самоопределување на 11 мај, т.н. „Луганската Народна Република“ формира „Времен парламент“.

ЕУ соопшти дека референдумите во областите Доњецк и Луганск ги смета за нелегални и нелегитимни и никогаш нема да ги признае нивните резултати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми