Сепаратистите го обвинуваат Киев за непочитување на примирјето

Од:

Украинските вооружени сили никогаш целосно не го почитуваа прогласениот прекин на огнот, обвини лидерот на проруските сепаратисити од Доњецк, Алескандар Бородој.

– Како ни минатиот пат и сега во пракса нема прекин на огнот, изјави Бородој, кој официјално се декларира како „премиер на Доњецката Народна Република“.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Бородој нагласи дека во ваква ситуација не е сигирен дека ќе проодлжат консултациите меѓу властите во Киев и сепаратисите за надминување на конфликтот во југоисточна Украина.

Во петокот украинскиот претседател Петро Порошенко објави продолжување на еднонеделниот прекин на огнот за уште 72 часа, односно до 30 јуни во 22 часот по локално време (21 часот по средноеврооско време).

Тој тогаш нагласи дека ако сепаратистите не ги почитуваат условите за прекин на огнот, тогаш Украина го задржува правото да го прекине примирјето во зоните во кои тоа е прекршено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми