Сепаратисти киднапираа седум демонстранти за единство на Украина

Од:

Сепаратисти киднапираа седум жители на Доњецк, што учествувале во протести за единство на Украина, соопшти денеска организаторот на протестот „Донбас е Украина“.

– Во нападот врз мирни демонстранти, 25 лица се повредени, од кои петмина се хоспитализирани. Седум лица се земени како заложници од страна на сепаратистите, се наведува во соопштението.

Петмина заложници се наоѓаат во поранешната канцеларија „Партија на регионите“, додека двајца во зградата на регионалната администрација.

Претставникот на ОБСЕ мисијата разговарал со киднаперите во канцеларијата „Партија на регионите“ и заложниците се живи, изјави организаторот на протестите Диана Берг.

На протестите за единство на Украина учествуваа околу 2.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми